„Со причина потпишав нов договор“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белерин нема намера да го напушти Арсенал во скоро време.

Во текот на минатите месеци тој се поврзуваше со Баерн, Барселона и Манчестер Сити, а сите дилеми ги тргна откако потпиша договор до 2023-та година.

„Потпишав договор со причина. Среќен сум во Лондон, а да не е така, не би го направил тоа. Арсенал е клуб кој ми даде шанса да се развијам.“

„Живеам во Лондон веќе 6 години и сеуште го истражувам градот.“

Белерин во Арсенал стигна на 16 години од Барселона, а во меѓувреме ги покажа своите квалитети.