Спалети е во Милано, а наскоро потпишува и договор?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Спалети ќе го смени тимот на крајот на сезоната, а еве каде би можел да замине.

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети би можел да го напушти Рим на крајот на оваа сезона.

Медиумите во Италија многу често го преселуваат овој тренер од клупата на Рома, а денес се појавија нови шпекулации.

Причината е потенцијален трансфер во Интер.

Тој од утрово е во Милано, а се шпекулира дека управата на Интер и тој преговараат за потенцијален договор.

Пиоли е солиден оваа сезона во Интер, но често се зборува дека ќе го напушти тимот, посебно кога ќе се земат во предвид двата порази по ред.