Спектакуларно пензионирање во најава: Големиот Перо Антиќ се збогува со кошарката, ќе го испрати и Лука Дончиќ во Скопје!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Најдобриот македонски кошаркар на сите времиња, Перо Антиќ одлучи следното лето и дефинитивно да се прости со професионалното играње кошарка.

Тој во Скопје ќе организира спектакуларно простување, на кое ќе присуствува и најголемата во моментов НБА ѕвезда, Лука Дончиќ, но и Ала Хорфорд со кого настапуваше во Аталанта, како и легендарниот стратег, Жељко Обрадовиќ со кој стана шампион во Евролигата во 2017. година. Покрај нив секако и други соиграчи и тренери ќе бидат присутни.

За Антена 5 радио, Антиќ ја потврди оваа информација:

„Нема да откривам премногу за ова случување, но можам да потврдат дека Дончиќ и Хорфорд, како и многу други играчи од европската кошарка ќе присуствуваат на тој настан. Во Скопје ќе дојдат и тренерите кои се заслужни што имав ваква кариера“, порача Антиќ.

Антиќ ќе и стави крај на 20-годишната кариера, која ја започна во скопски Работнички.

„Луѓето чие мислење многу го почитувам ми кажаа дека треба да завршам онаму кадешто сум почнал. Засега нема многу да откривам, потребно е да се исполнат уште некои услови. Ќе видиме што се ќе се случи“, заклучи Антиќ.