Спортскиот директор на Барса потврди дека се заинтересирани за Френки Де Јонг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал истакна дека Френки де Јонг сам треба да одлучи дали ќе се пресели во нивниот тим.

„Тоа прашање мора да го поставите на играчот, тој знае дека ние сме заинтересирани за него, но знае дека има и многу други заинтересирани, па сам треба да донесе одлука. Ние можеме само да чекаме, како и сите други заинтересирани“- коментираше Абидал.

За Френки Де Јонг има сериозен интерес од половина од најдобрите европски екипи, а освен Барселона за него се распрашуваат и од ПСЖ и Манчестер Сити.