Стигнаа две понуди, па судбината на Верати е решена?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Официјални понуди наводно завршиле на масата на Ел Келаифи, а одлуката била лесна.

Според медиумите, понуди стигнале од Барселона и Јувентус. Двата тимови сакале да платат 80 милиони евра плус бонуси за овој фудбалер.

Тој има договор до 2021 година и сака да замине во Барселона.

Меѓутоа, од тоа нема да има ништо.

Одговорот од ПСЖ испратен кон менаџерот, Барселона, Јувентус, но и сите други заинтересирани страни  е дека Верати нема цена.

Сопственикот на ПСЖ беше јасен, тој фудбалер не е на продажба затоа што ПСЖ е доволно финансиски силен за да го задржи во тимот.