Стигнува ново засилување: Јувентус ќе го плати 15 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мароканскиот фудбалер Бенатија најверојатно ќе стане член на Јувентус и по оваа сезона.

Бенатија во редовите на Јувентус премина минатото лето од Баерн на позајмица, па ги задоволи вкусовите на управата на Јувентус која има намера да го купи.

Мароканецот досега одигра 7 натпревари во Серија А и три натпревари во ЛШ и јасно е дека стана дел од тимот.

Се претпоставува дека за овој фудбалер Јувентус ќе плати 15 милиони евра.