Страшен лев бек стигнува на „Велодром“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Олимпик Марсеј влезе во игра за еден од најбараните леви бекови денес.

На радар на францускиот тим е Рикардо Родригез.

Тој низ медиумите се поврзува со голем број гиганти, но досега не успеа никој да го купи од Волфсбург.

Бидејќи Волфсбург се распаѓа оваа сезона, логично е што се пишува за заминување на овој фудбалер.

Медиумите пишуваат дека Марсеј сериозно е заинтересиран за Родригез.

Рикардо Родригез има договор со Волфсбург до 2019 година, а во него постои клаузула за откуп во вредност од 22 милиони евра.

Новата управа на Марсеј е наводно подготвена да понуди 27 милиони евра.