Страшна несреќа на Тур де Франс: Велосипедист преку оградата летна во провалија (Видео)

Годинешниот Тур де Франс се ближи до крајот, па во желба за подобар резултат, се повеќе велосипедисти се одлучуваат на поголем ризик.

Некогаш тоа баш и не испаѓа како што замислуваат, па завршуваат како што заврши Филип Жилбер.

Тој со голема брзина влезе во една остра кривина и не успеа да закочи на време, па се заби во оградата и летна во провалија. За среќа од целата ситуација излезе без ниту една повреда и веднаш се врати на патеката и ја продолжи трката.