Супер Марио со нова креативност крена прашина: Стигна објаснувањето за прославата со телефон…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели го постигна својот четврти погодок во пет натпревари откако заигра за Марсеј, погодокот беше прекрасен, а она што предизвика реакција кај јавноста е и начинот на кој го прослави.

Тој го зеде телефонот, вклучи Инстаграм, па во живо ја пренесуваше прославата на погодокот.

Како успеа во тоа?

„Му го дадов својот телефон на еден од новинарите на Марсеј. Му кажав да ми го чува телефонот зад голот, бидејќи ако постигнам погодок, ќе одам до крај него и ќе ја поставам приказната на Инстаграм“, истакна тој.

Интересно и креативно од Балотели, мора да се признае…