Теодор Симиќ потпиша за Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот кошаркарски талент Теодор Симиќ ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот гигант Барселона, односно во нивните младински категории.

„Спортандо“ вчера објави дека трансферот е реализиран на македонскиот талент, кој има потенцијал да игра дури и во НБА-лигата, но ќе треба дополнително да се развива во текот на наредните години.

Инаку, Симиќ беше најдобар играч на Македонија до 14 години, која настапи на турнирот во Словенија и го освои шестото место.