Теории на заговор? Три тимови во Серија А намерно губат бодови?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијаните „сакаат“ теории на заговор, но кога ќе ги погледнете резултатите во последно време, забележана е една работа.

Дали станува збор за заговор или едноставно така играат тимовите.

Во овој момент, 6-то место во Италија носи квалификации за ЛЕ. Лацио и Атaланта по се изгледа деа ќе бидат на 4-то и 5-то место, но пласманот на Лацио во финалето на купот, отвора уште едно место во квалификациите.

Денес медиумите се занимаваат со резултатите на три тимови и има сомнежи дека никој не сака да биде 6-то место.

Милан во последните 6 натпревари освои 6 бодови, Фиорентина го победи Интер, но затоа доби само 3 во последните 10 натпревари додека Интер нема победа во 6 натпревари по ред.

Кога е јасно дека не можат да стигнат до квалификации за ЛШ, се случи нешто друго во тимовите.

Затоа се сомнева дека тимовите не сакаат да игра во ЛЕ.

За Милан и Интер тоа значи промена на сите планови поврзани за турнејата низ Кина и ран почеток на сезоната, а за Фиорентина која бара тренер, исто така би бил голем ризик.

Играњето во групната фаза исто така не е интересно, многу се одзема на енергија, а видовме дека Сасуоло заостанува во оваа сезона, а и патувањата се долги.

Поради тоа сите го коментираат истото, како да е проколнато, па 6-то место не сака да биде никој.