Тешка несреќа на руска претставничка во санкање: Во бесвесна состојба и со тешки повреди пренесена во болница (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварувањето со санки во Светскиот куп во германскиот Конигсеу го обележи тешката несреќа на Русинката, Викторија Демченко која во тешка состојба веднаш е префрлена во болница.

Младата 23 годишна Русинка во еден момент изгуби контрола и со главата удри во ледената патека.

Русинката веднаш е префрлена во болница и според првите информации кои ги обелодени докторот на трката, Андреас Ледингер, таа е стабилна во текот на целото време, но состојбата е тешка.