„Тоа што го заработувам, не може да го добиете ниту во Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал и Рома, Жервињо не размислува за враќање во Европа, затоа што во Кина заработува многу пари.

Тој по заминувањето од Рома кариерата ја продолжи во дресот на Хебеи и нема намера во скоро време да замине од тимот. Медиумите објавија дека Лавеци е најплатен играч, но Жервињо не е далеку од него.

Тој има две неверојатни клаузули со тимот. Жервињо заработува 50.000 фунти само што ќе настапи на 1 натпревари, а ако успее да постигне гол, тогаш добива 130.000 фунти.

„Заработувам 130.000 фунти ако постигнам гол, а само што играм на натпревар добивам по 50.000 фунти. Тоа во Европа не е возможно да го добиете.“