Тотнем и Манчестер сити заинтересирани за Елиф Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец Елиф Елмас настапува одлично во дресот на Фенербахче, па привлече голем интерес од англиските гиганти Манчестер сити и Тотнем.

Елмас благодарение на одличните настапи избори место во првиот тим пред Валбуена и Мехмет Топал, па досега одигра 12 натпревари и иако не му оди најдобро на Фенербахче, сепак нашиот репрезентативец е одличен.

Елмас има договор до 2022. година, но наскоро би можеле да го видиме во Премиерлигата, каде што „тивка“ борба водат „граѓаните“ и Тотнем.

Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино, го сака Елмас како замена за Муса Дембеле, кој заминува во Кина, но ќе мора да се помачи бидејќи „граѓаните“ нема толку лесно да се предадат.