„Тој има нешто што ме восхитува!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Тој има освоено апсолутно се, а голема помош во тоа имаше од соиграчите во Барселона.

Еден играч кој оставил посебен впечаток на него е Андрес Иниеста.

„Андрес и јас сме слични играчи. Користиме голем дел од телото за да го избегнеме противникот, но тој има нешто што ме восхитува. Кога и да мислите дека ќе му ја земете топката, тоа е невозможно“

„Не е брз, но со еден потег може да ве остави зад себе. Има фантастична техника.“

Од 2004 година тие двајца играат заедно во Барселона, а во тој период освоија дури 8 титули во Ла лига и 4 трофеи во ЛШ, а Меси во тој период беше 5 пати прогласуван за најдобар фудбалер во светот.