Три гиганти добиваат импресивни дресови за наредната сезона

Германскиот произведувач на спортска опрема, Адидас подготви дресови кои ќе ги носат гигантите во наредната сезона.

Изгледот на домашните дресови на Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус се појавија во јавност, а спонзорот се потруди многу за новите дресови.

Манчестер Јунајтед ќе има дрес многу сличен на тој што го носи Ливерпул.

Јувентус ќе добие ретро дресови. Со новиот грб(на фотографијата е сеуште стариот), дресовите на Јувентус ќе потсетуваат на тие од средината на 90-те години.

И на крајот, откриен беше дресот на Реал. Со години во минатото Реал е на врвот на листата на најпродавани дресови, а Адидас за наредната сезона им направи убав дрес.

Очигледно дека спознорот прави се за да биде пред својот конкурент Најк во производството на дресови на најголемите тимови.