„Трошев пари на автомобили, алкохол, ноќни клубови…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Принц Боатенг моментално игра во Лас Палмас, а медиумите направија интервју со него.

Боатенг играше во големи клубови, освојуваше титули и многу други работи..

Во продолжение може да прочитате дел од интервјуто.

Најдобар играч против кого сте играле?

„Макелеле, Тотенхем – Челси на Стемфорд Бриџ. Беше одлично, а тој не ми дозволи да ја допрам топката.“

Дали би сакале да играте со Валерон?

„Очигледно. Секогаш го гледав на телевизија. Беше играч кој можеше се, како Зидан.“

Го познавате ли Раул?

„Не го запознав. Играв против него, но кога тој замина од Шалке, јас дојдов. Тој е интелигентен играч.“

Што може да кажете за Сусо?

„Немаше соба кога стигна во Милан. Беше чувствителен и требаше тренерот добро да се однесува со него.“

Најдобар момент во кариерата?

„Кога ја освоив Серија А. Тоа е многу важен момент во мојата кариера.“

Најдобар играч во Ла Лига:

„Роналдо. Има се, игра добро со левата и десната нога, главата, брз е. Роналдо и Меси не се од оваа планета.“

Омилен играч кога бевте дете?

„Ривалдо.“

Како го поминавте детството?

„Во лоша околина. Беше многу тешко. Мајка ми немаше пари и татко ми никогаш не беше дома.“

Дали беше тешко да се контролирате себеси по многу пари и слава?

„За мене тоа беше тешко. Почнав да добивам пари со кои можев се да купам и во 2 години потрошив пари на автомобили, часовници, чизми, ноќни клубови, ресторани и пријатели кои ги немаше.“

Колку пријатели имате?
„Два. Останаа тука кога се беше супер, но брзо си заминуваат.“