Трпение – спасение: Тие оваа сезона се „станати од мртвите“ во ПЛ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По минатогодишната лудница во чудната сезона во ПЛ, оваа сезона ја нуди „старата“ борба за титулата, но повеќе борба на тренери отколку на клубови. Тренери како Конте, Клоп, Гвардиола, Покетино и Мурињо, помеѓу останатите.

Концентрацијата на тренерските квалитети допринесе да се „разбудат“ некои играчи кои минатата сезона не успеваа да играат добро.

Голман: Тибо Куртоа(Челси)

Во овој период минатата година Куртоа беше дел од лошиот Челси, кој не играше добро под водство на Мурињо. Оваа сезона тој е еден од играчите кои Конте со интензивен пристап ги „крена од мртвите“.

Иако досега одигра 7 натпревари помалку отколку во овој период минатата година, Куртоа успеа да ја сочува мрежата празна 4 пати повеќе.

Десен бек: Виктор Мозес(Челси)

Втор во низата играчи во Челси кои се неверојатни оваа сезона, во позитивна смисла секако. Иако тој не игра на класичната позиција десен бек, туку игра како дефанзивен играч за врска на крилната позиција, Мозес феноменално се прилагоди на новата позиција.

Освен тоа што тој оваа сезона најде добра форма, тој има 6 настапи повеќе во однос на минатата сезона, а Мозес исто така постигна 3 голови и 2 асистенции.

Стопер: Дејан Ловрен(Ливерпул)

Иако Ливерпул сеуште има проблеми во одбраната, Дејан Ловрен не е еден од тие на кои треба да им се препише вината за тоа. Ловрен ја крена формата под водство на Клоп, а оваа сезона продолжува да игра многу добро.

Девет натпревари повеќе одиграни во однос на минатата сезона донесоа до 59% успешни дуели.

Стопер: Фил Џоунс(Манчестер Јунајтед)

Уште еден во листата на играчи кои минатата сезона не играа добро. Меѓутоа оваа сезона во помалку средби покажа колку му значи пристапот на Мурињо. Во 6 одиграни натпревари оваа сезона има многу подобар ефект, односно освои 74% освоени дуели.

Лев бек: Џејмс Милнер(Ливерпул)

Милнер во својата кариера играше неколку позиции по целиот терен. Од лажна 9-ка во Сити стигна до улогата на бек во тимот на Клоп, а таму игра многу добро. Оваа сезона постигна 5 голови, исто колку што имаше цела мината сезона.

Дефанзивен играч за врска: Џо Ален(Стоук)

Ален продолжи со фантастичната форма на почетокот на ЕП. Во дресот на Стоук оваа сезона го надмина бројот на постигнати голови(4), а додаде и 2 асистенции.  Ја подобри играта и во воздух, а има и многу повеќе удари кон голот, како и важни додавања.

Играч за врска: Андер Ерера(Манчестер Јунајтед)

Ерера оваа сезона по еден месец водство на Мурињо, покажа како може да биде лек за Погба кога не игра добро. Во 14 натпревари помалку Ерера украде повеќе топки оваа сезона отколку во овој дел минатата сезона.

Лево крило: Хојунг-Мин Сон(Тотенхем Хотспур)

Во дури 16 натпревари помалку Сон постигна 1 гол повеќе, а воедно имаше и 2 асистенции повеќе во однос на оваа фаза минатата година. Иако не играше добро во улога на лажна 9-ка, Кореецот во Тотенхем прикажува поради што го донеле во тимот.

Десно крило: Вилфред Заха(Кристал Палас)

Слично како и Сон во Тотенхем, Заха во Кристал Палас ја откри својата омилена улога. Во повеќе од двојно помалку натпревари Заха постигна 1 гол повеќе, а има и многу повеќе асистенции отколку минатата година.

Десетка: Адам Лалана(Ливерпул)

Во 14 натпревари Лалана постигна 6 голови и додаде исто толку асистенции, со што го надмина постигнувањето од минатата година. Без Лалана тимот на Ливерпул нема ширина во нападот.

Напаѓач: Кристијан Бентеке(Кристал Палас)

Да завршиме со комбинација Ливерпул-Стоук. Слично како и Ален, беглискиот напаѓач кој се спаси со заминување од Ливерпул. Во само 14 натпревари оваа сезона Бентеке постигна 8 голови, а исто и до 121 успешен воздушен дуел.