Удинезе и Делнери ја продолжија соработката!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тим Удинезе ја продолжи соработката со Луиџи Делнери.

Овој 66-годишен тренер во Удинезе стигна во октомври минатата година, а откако под негово водство тимот заврши на средината на табелата, беше донесена одлука за продолжување на соработката.

Па така Делнери во Удинезе ќе остане уште една година, поточно до јуни 2018-та година.

„Удинезе најавува дека ја искористил опцијата за продолжување на договорот со Делнери. Сорабтоката ќе трае до 2018-та година, а нов договор ќе добие и помошниот тренер.“

Во својата кариера Делнери ги тренираше Верона, Џенова, Јувентус, Самдпроија, Аталанта, Киево, Рома, Порто, Новара, Емполи..