УЕФА ги казни Бешикташ и Динамо Киев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бешикташ и Динамо Киев ќе мораат да платат сериозна сума во касата на УЕФА поради своите навивачи.

Натпреварот беше одигран во Киев на 6-ти декември минатата година, а Динамо победи со 6:0.

Натпреварот помина со тепачка на две навивачки групи во кои учествуваа над 100 лица.

Поради тоа УЕФА ги казни двата клубови со по 60.000 евра.

Бешикташ во дебаклот во Киев ја изгуби шансата да се пласира во 1/8-финале во ЛП, па натпреварувањето го продолжи во ЛЕ додека Динамо и покрај убедливата победа го заврши настапот во Европа.