Федерер за сексизмот на турнирите: Оставете ги девојките на мира!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер во интервју за „Сандеј тајмс“ ги коментираше неодамнешните случувања на турнирите кои немаат никаква врска со тенисот.

Тој зборуваше за случајот од финалето на Ју-Ес Опен кога Серена Вилијамс му се налути на судијата Алберт Рамос и му се „истури“.

„Мислам дека Серена во тој случај претера. Требаше порано да ја прекине расправијата, иако сметам дека судијата не требаше воопшто да ја донесе до таква ситуација“, кажа Федерер.

На истиот турнир Ализе Корне доби предупредување затоа што на теренот ја соблече маицата, па така почнаа расправа дали на мажите им се дозволува да шетаат голи по теренот.

„Оставете ги девојките на мира! Целосно сум на нивна страна кога станува збор за тоа и мислам дека не треба повеќе да се случува“, вели Швајцарецот.