Федерер повторно се врати во топ 10 – Серена на врвот во ВТА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер со освојувањето на титулата во АО се врати помеѓу 10-те најдобри тенисери.

Тој направи скок од 7 места и сега се наоѓа на 10-то место на АТП листата.

И понатаму е прв Мареј пред Ѓоковиќ додека третото место од Раониќ го зема Вавринка.

Напредуваше и Рафаел Надал кој сега е 6-ти тенисер во светот.

Големото изненадување Денис Истомин имаше напредок од 37 позиции и сега се наоѓа на 80-то место на АТП листата.

Во женска конкуренција Серена Вилијмс се качи на врвот. Таа со освојувањето на АО ја премина Кербер и се врати на местото кое го заслужува.