Фени го декласира Вардар, Струмица го победи Охрид, а Кожув имаше полесен тренинг со ослабениот Работнички


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште три натпревари се одиграа од 11-то коло од македонската Суперлига.

Фени Индустри на домашен паркет го декласира Вардар, 77:63.

Кавадарчани доминираа од почетокот па се до крајот на натпреварот. На полувреме заминаа со голема предност од 21 поен, 42:21.

Во последната четвртина влегоа со предност од 15 поени, 59:44. Кошаркарите на Фени одиграа рутинирано во четвртата четвртина, ја задржаа предноста и на крајот победија со 77:63.

Николовски со 13 поени го предводеше Фени. Марковски додаде 11, а Џекиќ 10 поени. Кај Вардар најефикасен натпреварот го заврши Адекундле со 17 поени.

 

Струмица изненадувачки го победи Охрид на гости со 60:64.

Охриѓани доминираа во првата четвртина која ја добија со 20:9. Кошаркарите на Охрид на полувреме имаа предност од 7 поени, 35:28.

Гостите во третата четвртина им дозволија на кошаркарите на Охрид да постигнат само 9 поени, па во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од четири поени, 44:48.

Струмичани беа подобри на почетокот во последната четвртина. Домашните пополека намалуваа, а најмногу што направија беше три поени негатива, 60:63. Струмица на крајот победи со 60:64.

Богоев со 19 поени ја предводеше Струмица. Јокиќ додаде 15 поени. Милојевиќ беше најефикасен кај Охрид со 16 поени. Двоцифрени натпреварот го завршија и Михајловски со 12 поени и Младеновиќ и Василевиќ со по 10 поени.

 

Кожув лесно го победи ослабениот Работнички во Гевгелија со 77:56.

Првата четвртина му припадна на кошаркарите на Кожув, 19:13. Разиграни кошаркарите на гевгелискиот клуб на полувреме заминаа со предност од 11 поени, 40:29.

Во последните десет минути од натпреварот Кожув влезе со предност од 12 поени, 59:47. Доминација на домашните кошаркари во последната четвртина во која на скопскиот клуб му дозволија да постигне само 9 поени. Конечни 77:56.

МекНил со 22 поени го предводеше Кожув. Хал додаде 21, а Мијовиќ 14 поени. Чековски беше најефикасен во тимот на Работнички со 14 поени. Мисановиќ постигна 12, Маслинко 11, а Ефремовски 10 поени.