Феноменот во европскиот фудбал чии 11 играчи денес вредат преку 300 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Замислите овие играчи да се на едно место.

Никогаш Генк немаше некое важно место на фудбалската мапа. Мал клуб од Лимбург кој беше во сенка на гигантите Андерлехт, Бриж, Стандард.. Да не зборуваме и за Ајакс, ПСВ или Фејенорд.

Но во последните 20 години, нешто се смени. Во Генк најдоа некоја волшебна формула и почнаа да играат се поважна улога во белгискиот фудбал, а станаа на некој начин и феномен на европскиот фудбал поради сите тие имиња кои ги лансираа претходните години.

Генк првата титула ја освои дури во 1999 година, а набрзо потоа уште една и трета во 2011 година.

Генк продизведе во последните години фудбалери, поточно 11 кои вредат 327 милиони евра на фудбалскиот пазар.

Вака изгледаат тие играчи.

Тибо Куртоа(Челси) – 30 милиони

Стана стандарден голман на голот на Генк на само 18 години и веднаш беше еден од најважните играчи. Доволно беше тоа за Челси да го купи за 9 милиони евра. Тие го испратија веднаш на позајмица во Атлетико каде што  играше одлично и обезбеди повратна карта за Лондон.

Денес е стандарден голман на голот на Челси, а наредното лето би можел да се пресели во Реал Мадрид. Тој има уште 18 месеци од договорот, а цената му е околу 30 милиони евра.

Кара Мбоџи(Андерлехт) – 15 милиони

Сенегалскиот стопер е купен од Молде во декември 2012 година за 1.4 милиони и иако на почетокот на кариерата во Генк беше ранлив на грешки, тој остана во тимот 3 и пол години и пота заработија тројно на него, односно 4.5 милиони евра беше тој продаден на Андерлехт.

Тој во јануари беше мета на неколку тимови, а Лестер нудеше 11 милиони за него додека Андерлехт бараше 15 милиони евра.

Кристијан Кабаселе(Вотфорд) – 7 милиони

Тргна како непознат фудбалер од Конго, беше кратко и во Лудогорец каде што не го проценија добро. Генк го донесе од Еупен како слободен играч и по две години во кои беше стандарден, тие го продадоа на Вотфорд за 7 милиони евра. Чиста заработка. Во Вотфорд одигра 11 натпревари, а цената му остана иста.

Калиду Кулибали(Наполи) – 60 милиони

Овој играчп најверојатно ќе иде и најскапиот играч на Генк. Летово можеше да стане најскап дефанзивец на сите времиња, но Наполи не го пушти. Наредното лето Наполи ќе има мака да го задрќи овој феноменален играч.

Богатите Челси и Евертон подготвија понуди од 60 милиони евра з анего. Генк го донесе од Мец за 1.3 милиони и го продаде по 2 години за само 7.75 милиони.

Јаник Фереира Караско(Атлетико Мадрид) – 40 милиони

Никогаш нема одиграно натпревар за првиот тим на Генк, но тој е продукт на нивната академија. На 17 години замина во Б тимот на Монако каде што започна неговиот успех. Атлетико пред година и пол го плати скоро 18 милиони евра, а денес вреди минимум 40 милиони.

Сергеј Милинковиќ Савиќ(Лацио) – 20 милиони

Уште во Војводина се виде дека станува збор за голем играч. Генк го донесе за 1 милион, а потоа го продаде за 9 милиони евра на Лацио. По година и пол во римскиот тим, тој вреди 20 милиони евра. Србинот е трета најскапа продажба во историјата на Генк.

Вилфрид Ндиди(Лестер) – 20 милиони

Најдобриот бизнис во историјата на Генк се вика Вилфрид Ндиди. Играчот кој пред само 6 месеци беше анонимен, оваа зима замина во лестер за 17.6 милиони евра. Раниер во него гледа нов Канте. Скаутинг службата пред 2 години го најде во Нигерија и го донесе за само 180.000 евра.

Иако Генк има средства за скапи засилувања, не се плаши да донесе анонимни играчи и од нив да направи вистински капитал.

Лион Бејли(Баер Леверкузен) – 20 милиони

Како и Ндиди, така и овој фудбалер минатиот јануари беше жешко име на пазарот. Имаше голема борба за него. Тимови како Хал нудеа по 20 милиони евра, но играчот ја одбра Германија. Баер Леверкузен го плати 13.5 милиони со опција низ бонуси да плати 20 милиони.

Генк го откри на Јамајка пред година и пол и го плати 1.4 милиони.

Кевин Де Брујн(Манчестер Сити) – 70 милиони

Брујн е најдобар продукт од фабриката за таленти на Генк. Еден од најдобрите фудбалери во светот и еден од најдобрите во Сити кој пред 1 и пол година дојде од Волфсбург за 74 милиони евра. И го направија еден од најскапите трансфери во историјата.

Како и Куртоа, Челси го купи и него за 9 милиони евра, па потоа го испрати на позајмица, но бидејќи не сакаа да го видат во клубот повторно, тие го продадоа на Волфсбург за 22 милиони евра.

Дивок Ориги(Ливерпул) – 15 милиони

Уште една ѕвезда во ПЛ и стандарден играч на Белгија кој ја помина академијата во Генк. Таму ги направи првите фудбалски чекори, пред да замине во Лил каде што играше феноменално. Денес е џокер на Клоп во Ливерпул и вреди помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Кристијан Бентеке(Кристал Палас) – 30 милиони

И него Генк го лансираше во ѕвездите. Започна како дете во Стандард, па дојде во Генк каде што дебитираше во сениорскиот фудбал. Потоа беше продаден на Стандард, па повторно Генк го врати и потоа следуваше сезоната од соништата.

Постигна 16 голови на 33 натпревари и за 9 милиони евра премина во Астон Вила која го продаде на Ливерпул за 46.5 милиони евра.

Таму не се прослави, па замине во Кристал Палас за 32 милиони евра. Толку вреди во моментов на пазарот.