Форс Индија доби спас благодарение на Ленс Строл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Форс Индија се согласи на договор според кој ќе излезе од администрацијата, но вработените на тој начин ќе ја задржат работата.

Инвеститорот кој го предводи канадскиот милијардер Лоренс Строл ја осигура иднината на тимот во вторник.

Форс Индија се наоѓаше во големи проблеми, но очигледно такви проблеми нема да има повеќе.

„Ваков расплет на ситуацијата во Форс Индија во Формула 1 ќе им овозможи на нашите возачи да се борат со полн потенцијал. Пресреќен сум затоа што имаме поддршка од инвеститорите, кои веруваат во нас како тим и гледаат голем работен потенцијал во тимот“, соопштија од екипата.

Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Белгија на 26. август.