Фудбалерите на Челси кренаа глас против Сари: Не убива на тренинзите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте изминатото лето доби отказ на клупата на Челси и тоа откако фудбалерите на овој тим се побунија против него.

На неговото место дојде Маурисио Сари, а по неколку месеци, атмосферата меѓу Плавите никако не е добра.

Сари ги „уништува“ фудбалерите на жестоките тренинзи. Дури им организира и утрински тренинзи по вечерните натпревари, што и тоа како ги фрустрира.

Исто така, на Сари му се замерува што потполно ги игнорира сите барања на играчите и многу лесно би можело да се случи тој да стане бивши на „Стемфорд Бриџ“.

Овие обвиненија доаѓаат откако Сари се судри и со еден од навивачите, кој беше незадоволен по тешкиот пораз од Борнамаут со 4:0.

Челси во средата доживеа блам на гостувањето кај Борнмаут, а тимот на Маурисио Сари беше поразен со убедливи 4:0.

Одиграа Плавите катастрофален меч. Борнамаут сето тоа го искористи и до врв ја наполни противничката мрежа.

Сари по мечот беше исклучително лут на своите фудбалери. Ги заклучил во соблекувалната и дури еден час им држел предавања.

Сепак, најмногу му замерил на Азар, кој бил прогласен за главен виновник за поразот.