Фудбалерот кој му прави проблеми на Интер: На „Меаца“ не го сакаат, но тој не сака да замине?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Кандрева не се наигра оваа сезона во дресот на Интер и јасно е дека Лучиано Спалети не смета на неговите услуги.

Кандрева стана вишок во Интер откако клубот се засили летово, но не сакаше да ја напушти „Меаца“. Во Интер се надеваа дека ќе заработат на продажбата на крилниот фудбалер, но Кандрева и натаму прави огромни проблеми.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Интер доби понуда за овој фудбалер од Вест Хем и Фенербахче, но Кандрева одби да го напушти клубот. Италијанскиот напаѓач очигледно сака да остане во Интер иако има очајна минутажа покрај Кеита и Политано.

Кандрева во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари во дресот на Интер, па во клубот беа оптимиситични дека ќе побара нова средина во овој преоден рок. Но, очигледно Кандрева нема ништо против тоа што се грее во клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се обидел пред неколку месеци да се реши од Кандрева и да го понуди на Монако. Францускиот клуб е заинтересиран за овој трансфер, но сето тоа го расипа Кандрева кј едноставно не сака да го напушти Интер ова лето.

Кандрева со Интер има одличен договор и многумина веруваат дека тоа е причината поради која не сака да замине. Исто така, тој е изоставен од списокот играчи за Лигата на шампионите, но ниту тоа не го натера да го напушти клубот.