Хамилтон на пол позиција во Баку

Луис Хамилтон од пол позицијата ќе ја стартува утрешната трка за Големата награда на Азербејџан што ќе се вози низ улиците на Баку.

Хамилтон беше импресивен во квалификациите и заврши на првата позиција, додека пак од првиот ред веднаш до Хамилтон ќе стартува неговиот клупски колега, Валтери Ботас.

Пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел ќе стартуваат од вториот ред, додека по нив ќе следат Макс Верстапен, Серхио Перез, , Естебан Окон,Ленс Строл, Фелипе Маса и Даниел Рикијардо.