Холанѓанецот прави изненадувачки трансфер – Ја оживува кариерата во Португалија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај најверојатно во јануари ќе го напушти Олд Трафорд.

Се зборуваше за интерес од Милан, Рома и Евертон, а сега медиумите соопштија дека во трката се вклучил и Порто.

Наводно холанѓанецот е најблиску до Драгао, а преговорите се во завршна фаза.

Депај стигна во 2015-та година на Олд Трафорд од ПСВ како големо засилување.

По доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на црвените ѓаволи, Депај не добива многу шанса за игра.