Хопман куп: Победи на Германија и Франција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беа одиграни натпреварите помеѓу Англија и Германија, како и Франција и Швајцарија во Хопман купот.

Федерер денес беше подобар од Гаске со 6:1 и 6:4 во првиот натпревар помеѓу Швајцарија и Франција во Хопман купот, но потоа Бенчиќ изгуби од Младеновиќ, како и во мешани парови подобри беа Французите.

Во другиот натпревар Германија победи благодарение на победата во микс. Вотсон ја победи Петковиќ со 2:0, а потоа Зверев беше подобар од Еванс со 2:0 во сетови додека во микс подобри беа Германците со 4:2 и 4:2.