Хопман куп: Федерер се врати, победа на Швајцарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер, Роџер Федерер се врати на теренот по 6 месеци пауза.

Федерер победи против Еванс со 6:3 и 6:4, а потоа Белинда Бенчиќ донесе максимален триумф на Швајцарија.

35-годишниот Швајцарец до победа стигна за 1 час и 3 минути и во текот на натпреварот немаше проблеми со коленото.

Белинда Бенчиќ потоа победи Хедер Вотсон со 7:5, 3:6 и 6:3, а во двојки беше 4:0 и 4:1 за Швајцарија.

Претходно во тој ден Франција со 2:1 ја победи Германија. Андреа Петковиќ победи против Кристина Младеновиќ со 6:2 и 6:1, но потоа следеше пресврт. Гаске беше подобар од Зверев со 7:5 и 6:3, а потоа во микс беа подобри со 4:2 и 4:1.

Во вторник играат САД и Шпанија, како и Австралија со Чешка.