Чеди Осман: Ја сакам Македонија! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Охриѓанецот Чеди Осман настапи на Олстар-мечот со специјални патики на кои го имаше македонското знаме, а во едно промотивно видео реши повторно да ја спомене Македонија.

Осман на видеото кое се појави на Јутјуб реши да открие неколку работи за себеси, кои досега не им биле познати на неговите фанови.

Кошаркарот на Кливленд кавалирс откри дека знае дури четири јазици, а притоа зборуваше за својата омилена храна, како и омилено место за одмор.

Младиот кошаркар настапува за турската репрезентацијата, од каде што има потекло, но досега никогаш не ја заборави Македонија, па секогаш кога ќе има шанса – тој ја споменува.