„Чекор назад во борба за ЛШ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер во одличен натпревар од 29-то коло во Серија А одигра нерешено со Торино.

Тоа е резултат со кој во Интер не може да бидат задоволни со оглед на тоа дека пропуштија шанса да се приближат до Наполи.

„Не можеме да бидеме задоволни. Игравме многу агресивно, но направивме неколку грешки. Жалам за пропуштените шанси затоа што сакавме да дојдеме до победата.“

„Нашата цел се знае, а тоа е трето место и пласман во ЛШ. Во овој момент може да кажам дека направивме чекор назад во таа борба. Очекував повеќе, но мора да одиме понатаму.“

Интер се наоѓа на 5-та позиција со 55 бодови, а тоа се 4 бодови помалку во однос на Наполи кој има и натпревар помалку.