Челси го продава Коста и доведува двајца убиствени напаѓачи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова лето клубот од Стемфорд Бриџ ќе го промени напаѓачот.

Челси е спремен да го продаде Диего Коста ова лето и ќе купи двајца напаѓачи како замена за него. Многу се зборуваше за заминување на Коста во Кина, а тоа може да се оствари на лето бидејќи тој се одлучи да остане и да го освои ПЛ, па потоа ќе размисли.

Сан пишува дека заработените пари од Коста, Челси планира да ги вложи во враќање на Ромелу Лукаку на Стемфорд Бриџ, а со остатокот од парите да го доведе Алваро Мората од Реал Мадрид.

На нив двајца лондонскиот клуб најверојатно ќе потроши 100 милиони евра кои ќе ги добијат од трансферот на Коста кој најверојатно ќе си замине од Челси.