„Челси е тим полн со шампиони!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот играч Н`Голо Канте ја освои ПЛ минатата сезона со Лестер, но вели дека обидот да се одбрани титулата со Челси е сосема поинаков.

Канте во Лестер играше со фудбалери кои ретко освојуваа трофеи, но тој вели дека Челси е полн со шампиони.

„Тоа е целосно поинаку. Минтата сезона во ова време Лестер беше на врвот, но тоа никој не го очекуваше. Само сакавме да останеме на тоа место колку што е возможно. Не знаевме дека ќе успееме во тоа затоа што зад нас беа голем број квалитетни тимови.“

„Во Челси е поинаку. Тоа е клуб полн со шампиони. Ништо посебно, едноставно сакаме да победиме во секој натпревар.“

Наредниот натпревар Челси игра против Барнли.