Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот играч Диего Коста во јануари има неколку богати понуди, но одлучи да остане во Челси.
Сепак, медиумите пренесуваат дека Коста на крајот на оваа сезона повторно ќе добие понуда од Кина која овој пат нема да ја одбие.
Според медиумите на Островот доколку Коста одлучи да замине во Кина, тоа најверојатно ќе го направи најплатениот фудбалер во светот.
Медиумите пренесуваат дека Челси е подготвен на тоа и дека размислува за замена за Коста.
Тие се заинтересирани за Лукаку кој игра во Евертон.
Лукаку замина од Челси во Евертон затоа што немаше доволно простор за игра откако дојде од Андерлехт.
Челси за трансфер на Коста би можел да заработи околу 70 милиони фунти додека Лукаку би ги чинел 20 милиони помалку.