Челси се засилува во средниот ред: Конте носи конкуренција на Мозес!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси со продажбата на Оскар заработи многу пари за засилувања.

Челси веќе има 13 победи во ПЛ, први се на табелата, но Конте е свесен дека мора да го засили тимот.

Покрај десната аут линија, во формацијата 3-4-3 игра Виктор Мозес, но сега би можела да стигне конкуренција.

Според медиумите, Мичел Антонио се наоѓа на листата на желби на Конте.

Антонио во средината на минатата сезона доби шанса да покаже што знае, а на крајот докажа дека е многу добар играч.

Тој изгледа како идеален играч за ротација со Мозес.

Челси сеуште не ги направи првите чекори во овој преоден рок, но по се изгледа дека ова би можело да биде полн погодок.