Чеферин за европската Суперлига: Фудбалот би бил уништен и досаден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, се спротистави на идејата да се создаде европска Суперлига од страна на најбогатите клубови во Европа.

Во медиумите претходните недели се појави вест дека Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед и многу други гиганти планираат да создадат ново натпреварување.

„Тоа би го уништило фудбалот ширум светот. Би станал многу досаден. Да се гледа секоја недела дуел помеѓу Јувентус и Баерн Минхен би било многу подосадно од дуел меѓу Јувентус и Торино. Нема дилема дека ќе се борам против таква лига додека сум тука“, вели Чеферин.

Инаку, во европската Суперлига било планирано да настапуваат најмалку 11 клубови.