Човек кој сите го сакаат: Канте стигна на репрезентативен собир дури шест часа порано! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во наредните десетина денови се играат квалификациите за Европското првенство, па фудбалерите заминаа на репрезентативните обврски.

Денеска почнаа собирите и првите тренинзи на екипите пред натпреварите во квалификациите. Собир имаше и репрезентацијата на Франција, а во центар на внимание беше ѕвездата на Челси, Н’Голо Канте.

Фудбалерот ги „украде“ симпатиите на фановите ширум светот, па продолжи да воодушевува со неговите потези.

„Л’Екип“ утрово објави дека Канте прв стигнал на собирот на репрезентацијата на Франција и тоа дури шест часа пред планираното време.

Канте вчера играше со Челси на гости против Евертон, а наредното утро дојде прв во тренинг-кампот на Франција.