Швеѓаните порачуваат: Мечот со Хрватска нема никаква смисла, сакаме да си одиме дома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведска во последното коло од втората фаза на СП загуби од домаќинот Данска со 26:30 и со тоа остана без полуфинале.

Швеѓаните во сабота од 20:30 ќе играат против Хрватска за петтата позиција, а по синоќешното разочарување воопшто не им е до тој дуел.

Матиас Закрисон, шведскиот ракометен репрезентативец, не ја гледа смислата за одигрување на тој меч.

„Тешко е да се има два слободни дена и потоа да се одигра меч за петто место. Секако дека тој меч потполно е бескорисен“, истакна шведскиот ракометар и посочи дека би сакал што е можно побрзо да се врати дома.

„Пред нас е напорна пролет во клубовите. Јасно е дека сакаме да прекокнеме таков меч. Сепак, нашата должност е да ја завршиме таа работа“.

Хрватска двапати заврши на петтата позиција на СП. Пред 12 години во Келн славеше против Русија, а 2011. година славеше против селекцијата на Исланд.

На последното СП, Хрватска заврши на четвртата позиција, а Шведска на шестата.