Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Автобус кој го пренесувал младиот тим до 14 години на Торибио Родигез Мендоза слетал во длабока провалија по која животот го загубиле седум членови на клубот, а 11 други се повредени.
Несреќата се случила на руралниот пат во амазонскиот регион, каде автобусот кој го пренесувал тимот на Торибио Родригез Мендоза училиштето направил страшна сообраќајна несреќа. Дечињата требало да играат на финалниот ден на „Федеративниот куп“ во Чачапојас Сити.
Министерот за здравство на Перу, Силвиа Песах потврди дека седуммина од децата загинале во несреќата и дека нивните тела веќе се идентификувани.
Знак на поддршка за тимот од Перу стигна од Реал Мадрид каде со официјално соопштение испратија сочувство до сите поврзани со оваа трагедија.














