Шок за навивачите на Челси – Конте се договори со Интер?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Антонио Конте ќе замине на крајот на сезоната од Челси и ќе му се приклучи на Интер, така барем тврдат некои италијански медиуми.

Наводно, актуелниот тренер на тимот од Лондон се договори со Интер.

Конте би требало со Интер да потпише 4-годишен договор вреден 15 милиони евра по сезона, а сега се во тек преговорите со Челси за откупната клаузула.

Челси моментално оди кон титулата во ПЛ, но Конте не може да се навикне на живот во Англија. Тој сака да се врати во Италија, па Интер се обидува тоа да го искористи.

Конте покрај Челси, претходно ги водеше Италија, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо.