Шок за фудбалската јавност – Ањели обвинет за соработка со мафија?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Јувентус се бесни, но многу медиуми не се откажуваат од известувањата за полициската истрага која се водеше против Ндрангете во Пијемонт. Андреа Ањели, претседателот на Јувентус е директно обвинет за соработување со мафија.

Вистина, не станува збор за нешто брутално, но станува збор за брутални луѓе. Еден од водачите на навивачите на Јувентус, Фабио Германи тврди дека Ањели го запознал со Роко Доминело. Зборувале за влезниците за натпреварите.

За едно место се продавале повеќе влезници. А често тие влегувале и без претрес, а чудно во целата приказна е тоа што Јувентус не се жалел како оштетена страна, иако јасно е дека губеле пари.

Но поголемито дел би се обидувале да избегнат конфликт со 40-годишниот Доминело. Познатиот член на кланот Ндрангете, е уапсен минатото лето со татко му Стефано поради здружување. И обид за убиство. Доминелое еден од создавачите на навивачката група Гоби, која од 2014 година раководи со продажбата на карти.

Јувентус се огласи во соопштение во кое изјави дека целосно соработувал со истражувачите, но не демантираше дека Ањели повеќе пати седел со Доминело. Само наведе дека никој од вработените во клубот не е под истрага.

Веднаш реагираше директорот за безбедност Алесандро Д`Ањело, инаку човек од доверба на Ањели затоа што неговиот татко бил возач на таткото на Андреа. Тој вели дека овие тврдења не се точни.