Шок уште на стартот: Кербер елиминирана од УС Опен

Актуелната шампионка на УС Опен, Анжелик Кербер доживеа шокантен пораз веќе во првото коло од годинешниот турнир.

Наоми Осака ја победи германската тенисерка во два сетови и тоа со убедлив резултат од 6:3, 6:1.

Ова е само втор пат во историјата актуелната шампионка да испадне уште во првото коло. Тоа за прв пат се случило во 2005 година кога беше елиминирана Светлана Кузњецова.

Осака е 20 годишна тенисерка од Јапонија, а победата над Кербер и е прва против некоја тенисерка од првите 10 на ВТА Листата.

Вредна за споменување е и победата на Марија Шарапова над Симоне Халеп. Русинката доби специјална покана за настап на УС Опен и на најдобар начин ја оправда довербата од организаторите за повикот за настап. Шарапова со 2:1 по сетови (6:4, 4:6, 6:3) ја совлада романската тенисерка и со тоа обезбеди пласман во второто коло од турнирот.