Шпанецот го шокираше Сити! Одличниот напаѓач го напушта клубот и се враќа дома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Селта, Нолито сака да игра, а како што вели и самиот, ако не добие шанса во Сити, тогаш тој ќе замине ова лето од клубот.

Нолито оваа сезона одигра 28 натпревари за Сити, а често влегуваше од клупата и постигна 5 голови и 3 асистенции.

„Не сум среќен и не е се како што сакам да биде. Знаеме дека таквите работи се случуваат во фудбалот, а на мене останува да продолжам да работам напорно и да се борам. Знам дека навивачите на Селта би сакале да ме видат назад во тимот, поради сите пораки кои ми ги оставија кога заминував.“