Шпанците во напад – Заминува уште една ѕвезда на Лестер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наскоро Варди би можел да замине во Шпанија.

Според медиумите, 30-годишниот фудбалер е блиску до потпис со Атлетико Мадрид, а со него во пакет од Англија би можел да стигне и Санчез.

Раководството на Атлетико се помири со фактот дека остана без Гризман и поради тоа ќе бара алтернативи за него.

Варди минатата сезона со Лестер беше шампион. Иако имаше многу понуди, тој одлучи да остане во тимот, но по се изгледа дека дојде време за разделба.

Ќе биде интересно да се вдии дали овој трансфер ќе се оствари и дали тој ќе се пресели во Шпанија.

Од друга страна Санчез веќе долго време се поврзува со заминување од Арсенал, а за него се заинтересирани Челси и Сити, па тешко ќе биде да се очекува дека Атлетико ќе го добие неговиот потпис.