Шпанците му го открија планот на Перез: Што значи тоа за Солари?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е во голема криза од стартот на сезоната, па тренерот Хулен Лопетеги доби отказ, а на негово место беше поставен Сантијаго Солари како привремено решение.

Многумина шпекулираа кој ќе биде нов тренер на „кралевите“, а во медиумите се споменуваа имињата на Антонио Конте, Жозе Мурињо, Лорен Блан, Арсен Венгер, но најверојатно нема да биде ниту еден од нив.

Очигледно изборот на управата на „кралскиот клуб“ паднал на Солари, кој во првите четири натпревари запиша четири победи и така стана тренер со најдобар почеток во историјата на клубот.

Претседателот Флроентино Перез, наводно, се откажал од потрагата по нов тренер и решил да ја заврши сезоната со Солари.

Шпанците пишуваат дека конечната одлука пред фудбалската јавност ќе биде соопштена во текот на неделата.