Шпанците открија кој се обидува да го убеди Модриќ да замине од Реал Мадрид

Шпанската телевизија „Ла Секста“ објави дека Предраг Мијатовиќ се обидува да го убеди Лука Модриќ да замине од Реал Мадрид и да ја продолжи кариерата во Интер.

Реал порача дека нема да го продаде 32-годишниот играч, но шпанските и италијанските медиуми пишуваат дека Модриќ веќе му кажал на претседателот Флорентино Перез дека сака да замине.

„Ла Секста“ пишува дека Лука и неговите претставници на состанокот неделава ќе се обидат да го убедат Перез да попушти и да се согласи на понудата на Интер.

Истиот извор пишува дека зад целата ситуација е Мијатовиќ, легендарниот црногорски фудбалер во кој Модриќ има голема доверба. Мијатовиќ и Модриќ билеа во контакт во текот на целото Светско првенство.

Инаку, Интер е подготвен да му даде плата од десет милиони евра годишно на Модриќ, со што би го направиле втор најплатен играч во Серија А по Кристијано Роналдо.