Што правеше Рамос додека неговиот тим беше декласиран од Ајакс? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос беше убеден дека Реал Мадрид ќе избори пласман во четвртфиналето и ќе го совлада Ајакс во реваншот од осминафиналето, но се случи токму спротивното откако гостите од Амстердам славеа со 4-1.

Капитенот  на „кралевите“ намерно во Амстердам доби жолт картон за да го пропушти реваншот и да биде „чист“ со картони за четвртфиналето.

Сепак, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни со дополнителна казна, па така Рамос нема да го гледаме ниту во првиот меч во Лигата на шампиони наредната сезона.

Колку беше Рамос убеден во пласманот во следното коло доволно зборува и фотографијата од ложата на „Бернабеу“. Во посебниот дел се наоѓаат камери поради документарниот филм, кој се снима за него.

Пред мечот капитенот на Реал беше и во соблекувалната. Им даде поддршка на фудбалерите, но тоа беше залудно, зашто Реал одигра еден од најлошите натпревари во последните 20 години.