„Ѓоковиќ може да биде најдобар на сите времиња“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал, освојувачот на 14 Грен Слем титули, вели дека сеуште не треба да се отпишува од трка за најдобар тенисер на сите времиња.

„Би рекол дека трката е помеѓу Лејвер и Федерер, ако ја погледнеме цела историја на тенисот. За понатаму ќе видиме, има добри играчи кои што сеуште играат, а Ѓоковиќ е еден од нив.“

„Во еден момент делуваше дека и јас би можел да стигнам до некои рекорди, а сега луѓето го сменија мислењето, но никогаш не се знае што може да се случи.“

Надал призна дека никогаш не замислувал дека ќе има толку успешна кариера.

„Постигнав работи за кои никогаш не ни можев да сонувам. Исто така, имаше и повреди кои ми се случија во важни моменти во кариерата. Сега моја цел е да победам во секој натпревар кој ќе го играм.“